Македонско-албански проект за развој на руралниот туризам

Bez autora
Mar 07 2012

Со недопрената природа, културните знаменитости, обичаите и традиционалната храна ќе се развива руралниот туризам во неколку македонски и албански села. Проектот, што го спроведува невладината организација "Парумба" од Струга, со поддршка на партнерите, Фондацијата за поддршка на претпријатијата од Охрид и фондацијата "Табита" од Корча, предвидува јакнење на капацитетите во селата Горна Белица, Вишни и Вевчани на македонска и во селото Гарда крај Корча на албанска страна. Кристијан Ковачески од Здружението за рурален развој вели дека селскиот туризам во овие села би се развивал и преку понудата со планинарските патеки со кои биле поврзани селските средини. Мештаните добро го познавале теренот и биле заинтересирани да ги водат гостите во еднодневните тури. Проектот предвидува и адаптирање на селските куќи, а ќе се нуди традиционалната храна, културното наследство и природните убавини.

Македонско-албански проект за развој на руралниот туризамСо недопрената природа, културните знаменитости, обичаите и традиционалната храна ќе се развива руралниот туризам во неколку македонски и албански села.

Проектот, што го спроведува невладината организација "Парумба" од Струга, со поддршка на партнерите, Фондацијата за поддршка на претпријатијата од Охрид и фондацијата "Табита" од Корча, предвидува јакнење на капацитетите во селата Горна Белица, Вишни и Вевчани на македонска и во селото Гарда крај Корча на албанска страна.

Кристијан Ковачески од Здружението за рурален развој вели дека селскиот туризам во овие села би се развивал и преку понудата со планинарските патеки со кои биле поврзани селските средини. Мештаните добро го познавале теренот и биле заинтересирани да ги водат гостите во еднодневните тури.

Проектот предвидува и адаптирање на селските куќи, а ќе се нуди традиционалната храна, културното наследство и природните убавини. Потребно било да се инвестира и во подобрување на инфраструктурата до планинските села.

Се уште не е одредена цената што би ја плаќале туристите за пансионско сместување, а еднодневните тури би биле дел од нивниот целосен ангажман. Од крајот на април до крајот на септември овие планински села се очекува да бидат најпосетени од холандските гости.
Климентина Кралеска од селото Горна Белица е една од многуте мештани која куќата ја наменила за сместување на туристи.

- Очекуваме многу гости, затоа што местото е прекрасно на 1.600 метри надморска височина. Имаме асфалтиран пат, водовод, струја и за здравјето е навистина корисно да се дојде тука - вели Кралеска.

Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека се прават испитувања на можностите во кој сегмент тие села можат да бидат интересни за туристите, како да им се помогне од аспект на инфраструктура, од аспект на едукација на населението но и на се она што значи промоција. Вевчани е едно од ретките села кое инвестира во туризмот и прераснува во позната дестинација за туристите.

Проектот со наслов Со работа во руралните средини инвестираме во иднината", е финансиран од Европска унија како дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. На заедничката средба вчера во Охрид присуствуваа претставници на патнички агенции од Охрид и Струга, како и претставници на патнички агенции од Корча, Подградец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik